-->
-->
СЕХА: Металург загуби од Мешков
-->
Ракометарите на Металург го претрпеа осмиот пораз во СЕХА лигата откако попладнево загубија на гостувањето кај Мешков Брест со 31:26 (15:11). Мешков Брест со оваа победа се проби на втоарата позиција на табелата. Македонскиот вицепрвак само во три наврати имаше нерешен резултат, а последен пат беше 9:9 во 23 минута. На крајот на првиот дел Мешков Брест поведе со 15:11, а оваа предност ја имаа во најголемиот дел од второто полувреме.
Најефикасен на натпреварот беше Немања Обрадовиќ од Металург со 7 голови.
Табела: Вардар 32 бода, Мешков Брест 23, Загреб 22, Веспрем 22, Цеље 18, Горење 12, Татран Прешов 10, Нексе 8, Металург 7, Извиѓач 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка