Ракомет
7. September 2017 - 8:41

СЕХА: Металург без проблеми до триумф во Панчево

Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург ја постигнаа првата победа во новата сезона од СЕХА лигата откако синоќа во Панчево во последниот дуел од 2.коло го победија Динамо со 25:20. Македонскиот тим одлично го почна дуелот и имаше серија од 8:0 со што и беше решен победникот. Динамо првиот гол го постигна во 13.минута, а Металург оствари и двоцифрено водство во 52.минута (24:14).
Најефикасни кај Металург беа Жарко Пешевски и Божо Анџелиќ, кои постигнаа по пет голови, а Дарко Арсиќ имаше 14 одбрани.
Во следното коло Металург на домашен терен во недела игра против Нексе.
 
Резултати на дуелите од 2.коло:
Динамо - Металург 20:25,
Цеље - Мешков Брест 24:29,
Татран Прешов - Загреб 33:28,
Нексе - Војводина 33:28 и
Вардар - Горење 32:19.
 
Табела:Вардар 6 бодови, Татран Прешов 6, Мешков Брест 3, Загреб 3, Динамо 3, Цеље 3, Металург 3, Војводина 0, Горење 0.