-->
-->
СЕХА: Македонското дерби за Вардар
-->
Вардар минимално го совлада Металург 25-24 (13-13) во македонската пресметка одиграна во регионалната СЕХА лига.
Вардар успеа да победи во „БорисТрајковски“ иако не импресионираше со играта. „Црвено-црните“ најчесто без во предност, но никако не успеваа да го најдат вистинскиот ритам во нападот со кој ќе го скршеа отпорот на Металург, чии млади играчи одиграа храбро и без многу респект кон противниците.
Вардар во финишот на мечот влезе со предност од четири гола 23-19, но му дозволи на Металург целосно да се врати во мечот, а Талески со два гола донесе израмнување 24-24 во 57.минута. Потоа возврати Душебаев за водство на Вардар, а Металург лошо го одигра последниот напад и обидот на Костески го одбрани Ангелов.
Голманот на Вардар, Ангелов, одбрани 12 удари, а блескаше неговиот колега од Металург Арсиќ со 15 интервенции. Стрелците кај Вардар ги предводеа Душебаев со седум, Дибиров со пет и Карачиќ со пет голови. Најефикасни играчи на Металург беа Талески и Младеновиќ со по пет голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил