Ракомет
30. August 2016 - 22:05

СЕХА лига: Вардар и Мешков Брест одиграа нерешено на стартот

Ракометарите на Вардар со нерешен резултат ја почнаа новата сезона од СЕХА лигата. Во премиерниот натпревар од шестата сезона од ова регионално натпреварување Вардар играше со првакот на Белорусија Мешков Брест со 34:34 (15:18).

Последниот гол за Вардар го постигна Лука Циндриќ на три секунди пред крајот. Но, во „брзиот центар“ попречи капитенот Стојанче Стоилов, кој доби црвен картон, а Мешков Брест удар од седум метри, кој Растко Стојковиќ го реализираше. Гостите беа во водство во поголемиот дел од натпреварот, а македонскиот првак по стартното водство од 1:0 поведе во 50.минута (26:25). „Вардарците“ испуштија водство од три голови во последните две минути (33:30). Ова беше натпревар од 5.коло, но поради густиот календар на двете екипи дуелот се одигра порано.

Најефикасен на дуелот беше Тимур Дибиров со 9 голови.