Ракомет
5. February 2016 - 9:36

СЕХА лига: Вардар гостува кај Борац

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва ги продолжува натпреварите во СЕХА лигата. По Европското првенство вардарци денеска и утре имаат две гостувања. Вечерва играат против Борац Бања Лука, а утре е дуелот со Нексе. Дуелот со Борац почнува во 20 часот.

Со два натпревара повеќе одиграно Вардар е на втората позиција на табелата зад унгарски Веспрем. Двата тима имаат по 34 бодови.
Веспрем пак утре е домаќин на вториот македонски тим во СЕХА лигата Макс Струмица.