Ракомет
8. December 2015 - 11:57

СЕХА лига: Вардар го пречекува ППД Загреб

Ракометарите на Вардар во четврток ќе имаат нов натпревар од СЕХА лигата. „Црвено-црните“ во Скопје го пречекуваат гоемиот ривал од овие простори екипата на Загреб. И двата тима имаат солидни резултати и во Лигата на шампионите.

На денешниот прес тренерот на Вардар Раул Гонзалез изјави:
- Загреб е многу добар противник, кој мора да го победиме и со тоа да дојдеме до второто место на табелата. Тоа е склоп на млади и искусни играчи. Тие одиграа добар натпревар со Висла на гости. Треба да бидеме максимално внимателни во нападот, дека ги казнуват грешките на ривалот.
Капитенот Филип Лазаров за ривалот истакна:
- Во добра атмосфера по триумфот над Колдинг го очекуваме овој дуел. Во Загреб тренер е Веселин Вујовиќ, а настапуваат и неколку екс-играчи на Вардар. Тоа е квалитетен состав и не очекува неизвесен дуел.
Тренерот Раул Гонзалес напомена дека најверојтано Вардар ќе истрча во истиот состав што играче во саботата против Колдинг. Игор Карачиќ сигурно нема да игра, а можно е Петар Ангелов да добие шанса.
Натпреварот Вардар - Загреб се игра во четврток со почеток во 17:45 часот.