Ракомет
4. February 2018 - 17:30

СЕХА: Фуриозно прво полувреме и победа за Металург

Ракометарите на Металург ја забележаа и 5. победа во регионалната СЕХА лига откако пред својата публика го совладаа српскиот тим Војводина со 30-26.
Македонскиот претставник одигра фуриозно прво полувреме кое го доби со резултат 21-9 и ја најави првата победа оваа сезона. Металурците одлично го започнаа мечот и веќе во 21. минута имаа двоцифрена предност од 16-5 која до крајот на првиот дел ја зголемија за уште еден погодок.
Халил Јагањац со 8 погодоци и Кузмановски со 3 беа лидери во домашниот тим кој следниот меч го игра на гости во Загреб.