Ракомет
12. December 2017 - 18:12

СЕХА: 10 гола на Јагањац

Блескава игра и победа за екипата на Металург во СЕХА-лигата од 33-25 против  Динамо Панчево.

Нашиот претставник на моменти имаше и двоцифрена предност но дозволи со игра 7-6 (без голман) противникот да го ублажи поразот. Најдобар  кај  Металург беше Халил Јагањац со десет гола, а го следеше Филип Кузмановски со седум гола, додека кај гостинот, Пилиповиќ, Мирковиќ и Буњевчевиќ завршија со по три гола.