-->
-->
„Сефте“ победа на Ефес, нов пораз на Реал во Евролигата
-->
Кошаркарите на Анадолу Ефес, конечно во шестиот натпревар се радуваа на првата победа во евролигата.
Тимот од Истанбул, забележа победа на гостувањето кај Барселона со 89-83 во рамките од 6. коло од Евролигата. Најефикасен во победничкиот тим беше Владимир Штимац со 22 поени, додека еден помалку (21) постигнаа Рики Ледо и Ерик Мекалум, додека кај Барселона најефикасен беше Кевин Серафин со 19.
Екипата на Милано во која настапува македонскиот репрезентативец Џордан Теодор на домашен терен беше убедливо совладана од Жалгирис со 62-94. Теодор имаше скромен учинок од 11 поени, две асистенции и еден скок.
Макаби му го нанесе и вториот пораз во низа на Реал Мадрид кој до пред две кола не знаеше за пораз. На гостувањето во Тел Авив, популарните „Кралеви“ беа совладани со 90-83.
ЦСКА Москва со победата над Валенсија 94-67 сега е осамена на врвот на табелата со 5 победи и 1 пораз.
Останатите четири средби од ова коло на програмата се денеска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок