Седуммина уапсени при разбивање на терористичка ќелија во Санкт Петербург
Седум припадници на терористичка ќелија на Исламската држава се приведени во Санкт Петербург за подготовка на терористички акти, соопшти центарот на односи со јавноста на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
Ќелијата била раководена од шефови на меѓународната терористичка организација во странство преку месинџерот „Телеграм", се вели во соопштението.
Учесниците планирале на 16 декември да извршат серија терористички акти во една од култните установи во градот, а исто така и со убиства на граѓани и детонирање на бомби на места каде се собираат многу луѓе.
При апсењето од објектот биле одземени специјални експлозиви, компоненти за рачни експлозивни направи, автоматско оружје, муниција, екстремистичка литература. Ликвидирана е лабораторија за производство на експлозивни направи, додаде ФСБ.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња