Македонија
26. July 2017 - 10:19

Седум сообраќајки во Скопје, еден тешко повреден

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје случени се седум сообраќајни незгоди. Во две од нив се повредени две лица, едно со тешки и едно со полесни повреди, а во пет е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција во текот на изминатиот ден санкционирала еден возач кој се движел со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол и е исклучен од сообраќај, шест возачи поминале на црвено светло на семафор, седум возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и 12 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати биле 35 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети биле вкупно 82 возила