Македонија
20. July 2017 - 9:57

Седум сообраќајки во Скопје, еден тешко и четворица полесно повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди. Во една од нив едно лице се здобило со тешки телесни повреди, во четири полесно биле повредени четири лица, а во две била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени биле поголем број на прекршоци. Санкционирани биле двајца возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол, еден возач поминал на црвено светло на семафор, како и 14 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати биле 33 непрописно паркирани возила.

Санкционирани биле пет велосипедисти и шест пешаци кои сториле прекршоци по разни основи, како и пет возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети биле вкупно 68 возила.