Македонија
20. February 2018 - 8:46

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата, за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се утврдувањата предлог одлуки за именување на членови на Комисијата на Агенцијата за пошти, за избор на судија на Уставниот суд на Република Македонија, за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, за разрешување и избор на претседател на Советот за научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република” и за избор на членови на Советот за јавни обвинители на Република Македонија.

Членовите на Комисијата за надворешна политика ќе расправаат по предлог законите за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за меѓународен железнички превоз (КОТИФ) од 9 мај 1980 година содржана во Протоколот од 3 јуни 1999 година (Протокол донесен во Вилнус), за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за соработка во областа на туризмот, за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и за ратофикација на Договорот меѓу владите на Македонија и Израел за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход. По овие точки ќе расправаат и членовите на Законодавно-правната комисија.