Седници на неколку собраниски комисии
Седници денеска ќе одржат собраниските комисии за одбрана и безбедност, за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, за труд и социјална политика и законодавно-правната.
Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето во второ читање, како и Предлог - закон за странци во прво се на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност.
Членовите на Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање ќе ги разгледаат извештаите на двете институции за работата во 2017 година, како и Програмата за работата на УБК за оваа година.
Пратениците од Комисијата за труд и социјална политика ќе расправат за Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица во прво читање.
Закондавно-правната комисија ќе одржи три седници, 60., 63. и 64-та. На дневен ред се повеќе закони, а на 60. седница меѓу другите се и Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за електронско управување, Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, сите во второ читање.
Ново на Сител
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште