Македонија
5. September 2017 - 9:39

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за финансирање и буџет, за транспорт врски и екологија и законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања е Предлог-законот за употреба на јазиците, во прво читање.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе го разгледуваат Предлог - законот за издавање на вредносни бонови - ваучери, по скратена постапка, во второ читање, поднесен од пратениците Драган Данев, Илија Димовски и Невенка Стаменковска.

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе се расправа Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, поднесен од пратениците Томислав Тунтев, Ејуп Аљими и Весел Мемеди.

Седница денеска ќе одржи и Законодавно-правната комисија. На дневен ред, меѓудругото, се неколку барања за автентично толкување.