Македонија
24. August 2016 - 9:32

Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата. 

Членовите на Комисијата ќе ги утврдуваат предлог - одлуките за именување заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија,  за разрешување на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и  за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво.