Кошарка
4. December 2017 - 10:32

Седми трипл-дабл на Вестрбрук сезонава

Најдобриот кошаркар на Оклахома, Расел Вестбрук ноќеска имаше голем придонес во триумфот на неговиот тим над Сан Антонио со 90:87.
 
 
Ѕвездата на „Тандер“ натпреварот го заврши со 22 поена, 10 асистенции и 10 скока, што е седми трипл-дабл за него во тековната сезона и вкупно 86-ти во кариерата.
 
Повеќе трипл-дабл ефекти од Вестбрук во историјата на НБА лигата имаат Оскар Робертсон (181), Меџик Џонсон (138) и Џејсон Кид (107).