Фудбал
17. July 2017 - 20:34

Седлоски: Верувам дека можеме до третото коло во Лигата на шампионите

Македонскиот првак Вардар утре ќе го одигра реванш натпреварот од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите против Малме. Вардарци имаат позитивен резултат од гостувањето во Шведска каде одиграа 1:1 кој ќе го принуди противникот да игра многу поотворено. Токму тоа ќе биде и шансата за македонскиот шампион да мине во следната рунда од квалификациите.
 
Тренерот Гоце Седлоски верува во играчите дека ќе дадат се за да се изборат за позитивен резултат кој ќе го одведе црвено-црните во третото квалификациско коло
 
- Утрешниот меч ќе биде потежок од првиот во Малме. Но. Јас верувам дека моите играчи, тие се подготвени и кој и да излезе на теренот ќе го даде максимумот и дека ќе сторат се да обезбедат резултат кој носи пласман во следната рунда, изјави Седлоски.
 
Реванш дуелот Вардар – Малме кој ќе се игра утре на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе започне од 18 часот, а правдата ќе ја делат судии од Украина предводени од главниот арбитер Анатолиј Жабченко.