Балкан
15. March 2016 - 21:01

Се зголемува бројот на баратели на азил во Србија

Бројот на мигрантите, кои бараат азил во Србија, се зголемува, изјави претставникот на граничната полиција при српското Министерство за внатрешни работи, Митро Ѓурашковиќ, според кого, од почетокот на годинава во земјата засолниште побарале над 1.500 лица, а ваквата тенденција бележи раст.

Од 98.360 мигранти регистрирани во Србија, 1.574 имаат намера да побараат азил, 96.116 лица добиле документи за транзитен премин, а против 670 се покренати обвиненија за незаконски влез во земјата.

- По затворањето на балканската рута во Србија се создаде нова ситуација, истакна шефот на канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за бегалците (УНЦХР), Ханс Фридрих Шодер.

Тој нагласи дека „Србија веќе не е транзитна земја и бегалците тука имаат потреба од правен статус, долгорочна поддршка, храна и сместување“.