Балкан
30. March 2017 - 10:41

Се затресе регионот, нов земјотрес рано утринава

Во Босна и Херцеговина утрово е забележан земјотрес со јачина од 3,9 степени по Рихер, јави Аваз.ба.

Според податоците за мерење на последните земјотеси во светот, овој потрес се случил на 6 километри јужно од Олово, североисточна од Сараево.

Потресот бил на длабочина до 10 километри, а се случил утрово во 1.40 часот.

Засега нема податоци за повредени или за причинета материјална штета.