Македонија
16. May 2017 - 16:27

Се запали поткровје од куќа во Кавадарци

Се запали поткровје од куќа во Кавадарци. Командирот на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци Илчо Богевски информираше дека нема повредени и дека изгорено е половина од поткровјето, заедно со кровната конструкција над него.

-Се работи за индивидуиален станбен објект на кавадаречката улица „Задругарска”. На лице место интервениравме со две противпожарни возила и четворица пожарникари. На помош ни дојдоа и двајца пожарникари со едно противпожарно возило од компанијата „Кожувчанка”. Не дозволивме пламените јазици да зафатат поголема површина од објектот, вели Богевски.

Засега не се познати причините за пожарот и висината на причинетата материјална штета.