Македонија
27. March 2017 - 11:32

Се враќа зимата во Македонија - еве што не чека неделава

 
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките места и планините, претежно во јужниот дел од земјава, дожд и снег. Ќе дува умерен северен ветер.
 
Како  резултат на поминувањето на ладниот фронтален систем преку нашето подрачје, денеска  дневната температура на воздухот ќе опадне за 8 до 10 степени во споредба со вчерашната. 
 
Минималната температура ќе се движи од нула до пет степени, а дневната од 8 до 14 степени.
 
Потоа се очекува постепено стабилизирање и затоплување.