Бизнис
8. October 2015 - 19:57

Се враќа индустријата во Велес

Се враќа индустријата во Велес. Влезот  на германски Маркард ќе донесе нови вработувања, софистицирана технологија, и соработка со домашни компании. Од најавените 600 вработувања , една третина или 200 лица ќе бидат со високо образование.   Инаку ова е прва фаза, а плановите на Маркард се да се проширува. Веќе го купија објектот до нив, вели градоначалникот на Велес, Чадиев.

Маркард за почеток купи  5 хектари земјиште, каде ја изградија фабриката. Но веднаш потоа донесоа одлука да го купат и земјиштето до нив, уште 5 хектари  и плановите на компанијата се до 2020 година да го прошират производството. Инаку Маркард е серизона компанија, која кога започна во Романија пред 7 години имаше 26 вработени. Сега, во моментов брои 2,620 лица, изјави Славчо Чадиев, грдоначалник на општина Велес.

Покрај Маркард, во  индустриката зона во Караслари ,  распродадени се сите 6 парцели и се очекува наскоро со градба да започнат 2 компании.  Сите понудени парцели домашни и странски инвеститори ги купија и во индустрсиката зона во Речани 2.

Една фабрика е Ендонд, која ќе произведува лепаци, керамика и санитарии, додека другата е фабрика за производство на трафостаници. Исто така има и една естонска компанија за складирање на отпад, која ќе прозведува вештачко ѓубриво за земјоделско земјипште, додава Чадиев

Се подготвува и  изградбата на индустриската зона во Мамутчево ,која ќе биде лоцирана  покрај експресниот  пат  Велес Кадрифаково.