Македонија
28. November 2017 - 13:04

Се вадат бекатонските плочки пред Судот за протестот на ВМРО-ДПМНЕ во 13:30

Полицијата која го обезбедува просторот пред Основниот суд Скопје 1 побара од Јавното претпријатие Улици и патишта да ги отстрани бекатонските плочки поставени пред судот каде за 13:30 часот е најавено одржување на протест за поддршка на уапсените во денешната полициска акција за расчистување на настаните од Крвавиот четврток во Собранието на Република Македонија на 27 април.

Повикот за протест го упати ВМРО-ДПМНЕ која обвини дека власта со оваа акција вршеле политички притисок.