Македонија
1. October 2017 - 16:43

Се уште нема решение за спорот помеѓу МПЦ и СПЦ

Црковните прилики на Балканот, не се само идентификација на Црквите на овој простор, туку на целото Православие.

Во овие педесетина години црковно опстојување, што сè не преживеавме и што уште не доживуваме од некои наши соседи – од присвојувања, омаловажувања, провокации, закани, одземања на права, до желби да не постоиме  истакна поглаварот на МПЦ Стефан.

Сеуште нема решение за спорот помеѓу МПЦ и СПЦ  и покрај личните средби со српските архиереи а постојано се остваруваат релации со руската бугарската албанската и романската православна црква најави митрополитот на дебарско кичевската епархија  Тимотеј.

На свеченоста по повод 50 годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија поглаварот Стефан потенцира дека овие пет децении треба да бидат патоказ како да се надминат слабостите и како црквата да се справи со идните предизвици.