Се уште активен пожарот во делчевско
Пожарот кој избувна вчера попладне кај делчевското село Драмче се уште е активен. Гори борова шума и сува трева на површина од над 100 хектари, а опожарени се и десетина објекти меѓу кои и куќи од неколку маала од селата Драмче и Селник, села кои се од разбиен тип.
Драган Балас од Центарот за управување со кризи истакна дека гаснењето на пожарот продолжи утрово.
-Зафатена е голема површина над 100 хектари засега не можеме со сигурност да кажеме колкава површина е опожарена, но пожарот с е уште гори . Сега се шири накај селото Киселица, но успеавме а го спречиме ширењето кон границата со соседна Бугарија. Во пожарот изгореа десетина куќи и објекти во неколку маали од селото кое е од разбиен тип, но, спасена е црквата „Св Петка“ која е значаен културно-верски споменик со потекло од 14 век, рече Балас.
Тој додаде дека во гаснењето актвирани се стотина лица од ТППЕ од регионот, од ЈП Македонски шуми „Голак“ Делчево, како и ЈП „Брегалница“ од Делчево, од Граничната полиција и месно население.
Според привичните информации пожарот започнал од куќа во Стамболиското маало од фурна за леб по што со помош на силниот ветер и сувата трева се проширил кон блиската борова шума од каде зафаќа голема површина во двете делчевски села Драмче и Селник. Поради големата брзина на ширење на ветерот и непристапниот терен, во неговото гаснење вчера попладне учествуваа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.
Ново на Сител
-
Џафери: Седница на Советот за координација на безбедносните служби за потребите на изборниот процес
-
„Илијада“ прогласена за најдобра маска на Струмичкиот карневал
-
Вучиќ: Ќе побарам од Владата да им овозможи на опозициските партии увид во избирачкиот список
-
Жена се обидела да прошверцува цигари вредни половина милион динари, фатена на „Прешево“
-
Поради технички проблеми со веб-страницата продолжен рокот за пријавување на дијаспората
-
Путин: Евентуаелен судир помеѓу Русија и НАТО е еден чекор до трета светска војна
-
Велковски: Добив сознанија за 2252 незаконски исплати на средства за социјална помош и пензија
-
Во Чеченија за Путин гласале над 98 проценти од граѓаните