Македонија
13. August 2017 - 10:15

Се уште активен пожарот над Кондово, нема опасност за куќите

Пожарот што се разгоре вчеравечер над ридот во скопско Кондово е се уште активен, а околу селото, според информации од Центарот за управување со кризи, направен е заштитен појас за да се спречи негово ширење.

Во гасењето на пожарот ноќеска учествуваа четири цистерни, 25 пожарникари, девет возила на Територијалната противпожарна единица и лица од месното население.

Во селото Кондово нема зафатено куќи од пожарот. Екипите продолжуваат да работат на терен.