Балкан
24. September 2015 - 16:57

Се урна српски авион, едно лице загина

Авион со српски регистарски ознаки се урна на планината Озрен, во близина на Добој. Едно лице загина, додека две се повредени, објави „Независне новине“.

Во авионот имало тројца патници од кои според неофицијалните информации едно лице загинало, а едно е тешко повредено.

Авионот што се урнал бил ангажиран на исфрлување отрови - мамци за лисици.