Свет
19. January 2017 - 10:25

Се урна најстариот солитер во Иран

Најмалку 38 луѓе се повредени при денешното уривање на најстариот ирански солитер во центарот на Техеран.

Зградата се урна откако претходно последните катови беа зафатени од пожар.

Солитерот со 17 катови изграден е на почетокот од 60-тите години на минатиот век и во него имаше трговски центар, што беше евакуиран поради пожарот.