Свет
20. August 2017 - 19:15

Се урна хеликоптер додека гаснеше пожар во Португалија

Хеликоптер што учествуваше во гаснење на пожар во северниот дел на Португалија се урна, а пилотот загина, соопшти денеска португалската Агенција за цивилна заштита.

- Хеликоптерот што гаснеше пожар во Кабрил се урна околу 13 часот по локално време, изјави портпаролката на Агенцијата.

Хеликоптерот во сопственост на приватната фирма „Еверџетс“ удрил во далновод пред да падне на земја и да експлодира.

Во Португалија летово се регистрирани рекорден број пожари, а министерката за внатрешни рабори Констанса Урбано де Соуса како причина ја наведе немарноста на луѓето.