Балкан
12. December 2016 - 19:06

Се урна авион во Турција

Турски авион ловец „Ф-16“ денеска се урна во југоисточниот турски округ Диарбекир.Неговиот пилот се катапултирал, пренесе турската телевизија НТВ.

Ловецот полетал од военовоздухопловната база во градот Диарбекир.

Спасувачките екипи патуваат кон местото на настанот, информира агенцијата Доган.

Се појавија информации дека состојбата на пилотот е добра.