Свет
26. August 2017 - 9:57

Се урна американски воен хеликоптер во Јемен

Американски воен хеликоптер „Блек Хок“ се урна близу брегот на Јемен за време на воена обука.

Се спроведува потрага за един член на екипажот. 

Останатите пет членови на екипажот се спасени по несреќата што се случила на околу 32 километри јужно од брегот на Јемен. 

Во тек е истрага за причината за падот на хеликоптерот.