Балкан
13. November 2017 - 22:13

Се укинува една од забраните воведени со вонредната состојба во Турција

Во Турција укината е една од забраните, воведени со вонредната состојба на 15 јули минатата година.

Од 15 ноември повеќе нема да биде задолжително писмено одобрение за патување во странство на државните службеници, кои имаат службени пасоши.

По неуспешниот обид за воен удар минатата година државните службеници за да патуваат во странство требаа да добијат писмена дозвола.