Бизнис
11. September 2017 - 19:57

Се укинува царината за увоз на месо за преработувачката индустрија

Без царина ќе се увезува замрзнато свежо свинско месо кое се користи како суровина за преработка во месната индустрија. Одлуката се очекува  да стапи на сила на 1 октомври и ќе трае една година. Период, во кој, според групацијата од прехранбената индустрија, ќе се видат придобивките – домашните компании  ќе ги зголемат капацитетите, вработеноста и платите, а граѓаните ќе консумираат поквалитетни, безбедни  и поевтни македонски производи.

Месната индустрија во моментов се соочува со нелојална конкуренција – по даминг цени влегува  месо,  од, како што велат пазар кој не ги прочитува евроспките стандарди и е со  сомнителен квалитет.  Мерката мора да ги заштити домашното производство . 

Мерката ќе  ја користат  само регистрирани капацитети, чија бројка во моментов изнесува 50 објекти, од кои 12 не работат. Годишно производуваат 11 илјади и 500 тони полутрајни и трајни месни производи, а на домашниот пазар му се потребни 17 илјади тони ,  Од вкуопно преработената количина,  само 15% е од домашно потекло, останатото е од увоз.  Состојбата би требало  да се промени по стапување на сила на оваа мерка.