Здравје
18. May 2017 - 11:59

Се туширала само со ладна вода - А тоа што и се случило со телото е неверојатно

Оваа девојка вели дека се препородила откако почнала да се тушира само со ладна вода. Таа навика одлично делува на целото тело, а дури помага и за побрзо губење на вишокот килограми.
 
Татјана Лазаревскаја од Русија одлучила да ја тестира теоријата дека туширањето со ладна вода секој ден е одлично за менталното и физичкото здравје, како и за изгледот.
 
Еве како го опишала своето искуство, а го пренесе порталот Bebamur.com:
 
“Почнав да се туширам со ладна вода иако немав некои големи очекувања, бидејќи бев здрава и енергична и пред тоа. Но, почувствував голема разлика. Две недели откако почнав да се туширам со ладна вода, почувствував дека повеќе не ми се потребни осум часа сон, туку дека ми се доволни седум часа.
 
Се сетив на чувството како кога некогаш пливав во Бајкалското Езеро во кое температурата на водата беше 9 степени. По целото тело имав чувство на пецкање и скокоткање, како низ него да ми поминуваше слаба струја. Затоа и почнав да се туширам со ладна вода, сакав да го вратам тоа прекрасно чувство.
 
Но, изложувањето на телото на ладна вода не е воопшто лесна задача и повеќето луѓе би преферирале да го избегнат тоа. На тоа треба полека да се навикнувате, по малку да се разладувате со вода и да си повторувате во главата кои се предностите од тоа. После недела, две, ќе ви стане сосема нормално и многу пријатно. Иако, и комбинираното туширање со ладна па со топла вода, исто така е одлично за поттикнување на циркулацијата.
 
Наутро се туширам со ладна вода три минути, поминувам со тушот по целото тело два пати. Потоа не се бришам веднаш со пешкир, туку уживам во чувството.
 
Кога ќе почнете со туширање со ладна вода, повторувајте го тоа секојдневно, најмалку три недели. Имено, на нашиот мозок му е потребно време за да се навикне на тоа.?
 
Што се` се случува во телото?
 
Се забрзува циркулацијата: Крвните садови се стеснуваат и крвта почнува побрзо да циркулира. Така се зајакнуваат ѕидовите на крвните садови, а целото тело добива повеќе притисок.
 
Побрзо се слабее: Телото произведува дополнителна енергија за да се загрее, што е одлично за топење на вишокот килограми.
 
Мозокот подобро работи: Ладната вода е одична за нашиот мозок и ја подобрува работата на сите негови делови. По туширањето со ладна вода, полесно е за размислување, бидејќи мозокот ќе се разбистри. Исто така, ќе биде полесно за донесување на одлуки.
 
Се забрзува метаболизмот: Влакната во мускулите наеднаш се скратуваат, што резултира со побрз проток на лимфата низ телото. Тоа, пак, влијае врз метаболизмот.
 
Уморот исчезнува: Кога ладната вода ќе го допре нашето тело, тоа за него е одреден шок, па почнува да лачи повеќе хормони, што исто така го забрзува метаболизмот.
 
Исчезнува заморот: После туширањето со ладна вода, луѓето почнуваат подлабоко да дишат и така уште повеќе кислород влегува во телото. Тогаш исчезнуваат заморот и поспаноста и се зголемува работната способност.
 
Се зајакнува имунитетот: Кога метаболизмот ќе почне да работи подобро поради ладната вода, и нашиот имунитет е појак. Така организмот станува поотпорен на вируси, бактерии и други зарази.