Балкан
16. May 2017 - 8:42

Се тресе регионот, утрово земјотрес во Албанија

Утрово во 8.29 часот земјотрес ја погоди Албанија. Потресот со јачина од 3,5 степени по Рихет бил на длабочина од 2 километри.

Епицентарот на земјотресот е на 76 километри јужно од Тирана, на 13 километри северозападно од Берат и на 9 километри североисточно од Балш.

Вчера потреси беа регистрирани во Грција, а на 14 мај силен земјотрес со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала, изутрината во 04 часот и 08 минути е почувствуан во Скопје и околината.