Балкан
15. November 2017 - 10:34

Се тресе регионот, нов земјотрес ги вознемири граѓаните

Подрачјето на Ријека повторно се затресе.

Откако пред два дена го стресеоа три потреси, утрово во 6.05 часот повторно се тресеше тлото на подрачјето на Кварнер.

-Утрово, на 15 ноември 2017 година во 6 часот и 05 минути сеизмолозите од Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа слаб потрес со епицентар во Бакарскиот залив, на 12 км југоисточно од Ријека. Магнитудата на потресот изнесувала 2,6 според Рихер, а интензитето во епицентарот  IV степени според Меркалиевата скала. Земјотресот се почувствувал во Ријека и околината, соопшти Државниот сеизмолошки сојуз.