-->
-->
Се тресе регионот, денеска нов земјотрес
-->
Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтерова скала го погоди денеска округот Чанаккале, во западниот дел на Турција.
Епицентарот на потресот се наоѓал во реонот на градот Ајваџак.
Според Дирекцијата за управување со кризи и вонредни ситуации, земјотресот е регистриран во 10 часот по локално време на длабочина од 5,6 километри под површината на земјата. Веднаш потоа следеле и други 11 потреси со интензитет меѓу 3,2 и 3,5 степени.
Минатиот месец реонот на Чанаккале бeшe погоден од серија потреси, некои со интензитет и на пет степени, кои сеизмолозите ги опишаа како „земјотресна бура“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска