Бизнис
9. March 2016 - 16:35

Се топи невработеноста во Македонија - Рекордно ниско ниво 24,6 проценти

Невработеноста се топи. На крајот на минатата година регистрирана е рекодрно ниска стапка на невработеност во земјава од 24,6%. За една година според статистиката бројот на невработени се намалил за над 35.000 односно стапката се намалила од 27,6% на 24,6%.

Трендот на намалување на невработеноста почна во 2005 година. Тогаш во земјава имаше рекордна невработеност од 38%. Во 2006 падна на 36%, во 2013 беше пробиена психолошката бариера и стапката се намали на под 30%. Лани во третиот квартал беа измерени 25,5% или само за три месеци од 2015 година бројот на невработени се намалил за 0,9 процентни поени.

Ваквиот тренд е резултат на владините мерки и политики кои се спроведуваат во последната деценија.

Владата дизајнираше пакет активни мерки за вработување за сите категории. Само преку две од нив за две години вработени се 22.000 лица.

Токму заради овие мерки стпката на невработеност кај младите паѓа со годишна стапкја од 5%. Пркеу мерката за вработување млади до 29 години работа нашле 12.000 млади лица во тек на две години.

Лани пак само за девет месеци преку последниот проект Макеоднија вработува отворнеи се 14.000 нови работни места.

Ефект даваат и новите инвестиции. Лани во фабриките во зоните биле отворнеи вкупно 6700 работни места.

Со оглед на тоа дека за помалку од три месеци од 2016 веќе се најавени нови десетина инвестиции овој тренд годинава ќе забрза. Според програмата на Владата на ВМРО ДПМНЕ, спатката на невработеност до 2018 ќе падне под 22 процента.