Балкан
1. July 2016 - 15:25

Се судрија шлепер и голф: Загина 46-годишен маж, едно дете на интензивна!

На магистралниот пат М-17 во Босна и Херцеговина, вчера околу 18 часот се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 46-годишниот Д.Р., а две лица се во тешка сосотојба.

Во несреќата учествувале шлепер и патничко возило голф. Возачот на камионот, во обид да избегне директен судир, што не му успеало, ја пробил банкината и завршил во реката Босна, додека голфот е целосно смачкан.