Балкан
20. February 2017 - 17:23

Се судрија два автобуси на автопат: Мртви на сите страни, се слушаат врисоци и лелеци

Најмалку седум лица загинаа, а над 16 се повредени во судар на два автобуси во провинцијата Игдир на истокот од Турција.

Тешката сообраќајна несреќа се случи на автопатот.

Познато е дека двајцата возачи загинаа како и уште петмина патници.

Причината за несреќата не е позната.

Возилата на Итната помош се упатија на местото на настанот, а спасувачките тимови ги извлекуваат повредените.