Свет
1. September 2016 - 9:35

Се судрија два авиони во воздух, нема преживеани

Два мали авиони се судрија во воздух во западна Алјаска и при тоа загинаа пет лица во двете летала, соопштија претставниците. 

До местото на несреќата, која се случила во ненаселена област, околу 600 километри западно од Енкориџ, може да се стигне само со хеликоптер, пренесува Танјуг.

Претставниците потврдија дека во судирот нема преживеани.