Македонија
23. March 2018 - 11:22

Се судрија автомобил и автобус на патот Куманово - Свети Николе, има повредени

Вчера околу 07.15 часот на патот Куманово - Свети Николе се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Фиеста“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од И.Т.(35) од Свети Николе и автобус „МАН“ со беровски регистарски ознаки управуван од К.Ј.(59) од Делчево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.Т., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип,  од каде по укажаната лекарска помош е препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.