Македонија
17. January 2018 - 12:44

Се степале затвореници во Идризово, едниот завршил на максилофацијална хирургија

Затворениците М.З.(36) и Д.Р.(42) вчера напладне се степале во амбулантското одделение на Казнено поправната установа - Затвор Идризово, при што на Д.Р. му се нанесени тешки телесни повреди.

Како што информира МВР, повредите му биле констатирани на Клиниката за максилофацијална хирургија, каде што е задржан на натамошно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.