Свет
18. February 2018 - 9:23

Се сруши патнички авион - се стравува дека нема преживеани

Патнички авион со најмалку 60 патници и членови на екипажот се сруши во Иран.
Авионот ATR  во кој се наоѓале повеќе од 60 патници се сруши во подрачјето на градот Семир, пренесуваат тамошните медиуми. 
 
Како што се наведува, авионот одеднаш исчезнал од радарот на половина пат меѓу Техеран и Јасу. 
Авионот паднал на планинското подрачје, а чошите временски услови им отежнуваат на спасителските тимови да стигнат до местото на несреќата. 
 
Се стравува дека нема преживеани.