Македонија
27. April 2017 - 20:58

Се слушна истрел во Собранието, во моментов влегува полиција

Во моментов влегува полиција во собранискиот прес-центар, каде што група луѓе со качулки ги држат пратениците на СДСМ набиени во аголот, викаат, пцујат и пеат песни. Лицата со качулки не ги пуштаат полицајците-желки да влезат во просторијата пишува МКД.МК

Кај прес-центарот е дојдена и медицинска екипа, но чека да биде пуштена да им даде помош на повредените.

Има информации и дека се очекува друга група специјалци што треба да влезат и да ги извадат Зоран Заев и другите повредени пратеници.

 

Фото: Радио слободна Европа