Балкан
12. April 2016 - 8:53

Се случи нешто страшно, вели малата Јана: Петгодишната ќерка на Јелена го видела убиството?

„Се случи нешто страшно“ - ова е единствената реченица која петгодишната Јана, ќерка на брутално убиената Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33), ја кажала во полиција во присуство на психолог и веднаш почнала да плаче.
 
Инспекторите од белградската полиција работат на решавање на овој случај, преку базната станица, каде вршат проверка кој бил во близина кратко време откако Јелена исчезнала. Тие и понатаму се сомневаат дека семејството нешто крие и дека убиецот имала најмалку еден соучесник. Соговорник од истрагата за српски Курир открива дека со Јана разговарале многу кратко во полиција два дена откако Јелена е убиена.
 
- Не бевме во можност да добиеме информации од девојчето. Дете од пет години нема претстава за времето, не знае колку се десет минути, а колку еден час, не може да ни потврди кога Јелена заминала од куќата, колку луѓе биле со неа, - изјавил изворот за српски Курир.