Македонија
10. November 2016 - 9:40

Се слави маченичката која даваше се на сиромашните

 
Денеска е Св. маченик Терентиј и маченичка Параскева.
 
Свети Терентиј беше Сириец. Беше женет и имаше седум деца. После многу маки пострада за Христа, заедно со жената и сите свои деца.
Истиов ден Црквата ја прославува и света маченичка Параскева од Иконија. По смртта на родителите, таа го раздаде целиот имот на сиромашните. За време на гонењето од страна на император Диоклецијан беше изведена пред суд. Пред судот таа отворено изјави дека е христијанка, па заради тоа беше ставена на маки и најпосле погубена.