Македонија
5. May 2017 - 17:02

Се симна мечка од Кожув и им се наврте на пчелите во кавадаречко

Додека сопствениците одморале од трудот, мечка во кавадаречко Бохула се гостела со нивните пчели. 13 пчелни семејства за една недела изгубил пчеларот Златко Ташев од Кавадарци. Штетата досега е над 3 илјади евра, не вклучувајки ја добитката о дмедот која можел да ја има во следните години. Во изјава за Сител Ташев вели дека со години одгледува пчели но ова прв пат му се случува.

Пчеларот од Кавадарци случајот го пријавил и министерството за земјоделство, откако од опшштина му кажале дека тие не се надлежни. Но, како трајно заштитен дивеч не смее да превзема никакви мерки.

Ташев не е единствениоот пчелар кој мака мачи со мечките. Македонскиот судски систем во своите архиви има заведено безброј случаи, а од државниот буџет на основ оштета се исплаќаат илјадници евра. Една ваква пресуда на судот од Битола се најде и на листата најбизарни судски случаи во светот и тоа на високото трето место.