Спорт плус
25. February 2016 - 17:51

Се сеќавате ли на малиот фан на Меси, сега доби дрес потпишан од него!

Се сеќавате ли на малиот фан на Меси, сега доби дрес потпишан од него!
 
Муртаза Ахмади, петтогодишното дете од Авганистан стана вирален хит откако носеше импровизиран дрес на Меси од најлон ќеси. Сега доби вистински, потпишан од Меси.
 
Се појавија и гласини дека Муртаза, кој живее во југоисточниот дел на главниот град Авганистан, со авион отпатувал во Барселона за да го запознае својот миленик Лео Меси. Но, додека тоа се оствари, малиот Муратза сигурно ќе биде задоволен со поклонот кој го добул.
 
 
Тој како поклон доби дрес на Аргентина и топка со потпис на Меси. Меси во соработка со Уницеф, на Муртаза му испратил и дрес од Барселона со неговиот потпис. Инаку Меси е амбасадор на Уницеф а трогнат од оваа приказна тој наместо досегашните 1.5 милиони евра ќе уплатува 2 милиони евра.
 
- Муртаза сега има вистински дрес. Меси помогна неговиот сон да се оствари и му подари потпишани дресови од Аргентина и Барселона - објави Уницеф додека Муратза рекол:
 
- Го сакам Меси, а мојот дрес вели дека и тој ме сака мене!